Од дигиталната телевизија најпогодени граѓаните со аналогни антени

Bez autora
Jul 05 2012

Петнаесет проценти од населението во Македонија кое следи телевизија преку аналогни антени ќе биде најзасегнато од преминувањето кон дигиталното емитување на телевизиските сигнали кое започнува од 1 јуни идната година. Се работи за повозрасна популација претежно во руралните средини. За да може да го следат дигиталниот сигнал ќе треба да обезбедат уреди чија цена изнесува 10 долари. За социјално загрозените семејства согласно одлука на Владата ќе бидат обезбедени 40 до 50 илјади вакви уреди. Oд преминувањето на аналогниот на дигиталниот сигнал директно нема да бидат засегнати домаќинствата кои се приклучени на кабелска мрежа или ги следат програмите преку сателит. Според истражувањето на СРД, преку кабелската мрежа телевизија следат 57,4% од населението, 11,4% користат сателитски антени, 8,8% се приклучени на ИПТВ мрежата, додека на дигаталната мрежа се приклучени 6,9% од населението.

Од дигиталната телевизија најпогодени граѓаните со аналогни антениПетнаесет проценти од населението во Македонија кое следи телевизија преку аналогни антени ќе биде најзасегнато од преминувањето кон дигиталното емитување на телевизиските сигнали кое започнува од 1 јуни идната година, покажува истражувањето што Советот за радиодифузија (СРД) го спроведе минатиот месец.

Се работи за повозрасна популација претежно во руралните средини. За да може да го следат дигиталниот сигнал ќе треба да обезбедат уреди чија цена изнесува 10 долари. За социјално загрозените семејства согласно одлука на Владата ќе бидат обезбедени 40 до 50 илјади вакви уреди. Претседателот на СРД, Зоран Трајчевски вели дека од преминувањето на аналогниот на дигиталниот сигнал директно нема да бидат засегнати домаќинствата кои се приклучени на кабелска мрежа или ги следат програмите преку сателит.

Според истражувањето на СРД, преку кабелската мрежа телевизија следат 57,4% од населението, 11,4% користат сателитски антени, 8,8% се приклучени на ИПТВ мрежата, додека на дигаталната мрежа се приклучени 6,9% од населението.

- Дигиталната телевизија дозволува емитување на содржини со висока резолуција, нуди сараунд звук, електронски програмски водич и.т.н. Значајно е и тоа што ќе биде озвоможено и користење на четвртата генерација мобилни телефони што значи од една страна граѓаните ќе следат поквалитетен телевизиски канал, а од друга страна со ослободувањето на постоечките фреквенции ќе и бидат овозможени поквалитетни услуги од областа на мобилната телефонија, - оцени Трајчевски, додавајќи дека на сегашните фреквенции на националните телевизии ќе може да се емитуваат најмалку уште 40 канали.

Деканот на Факултетот за информатички науки и комуникациско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов апелира до граѓаните кои купуваат телевизори тие да поддржуваат МП 4 компресија затоа што тоа е стандардот на кој државата ќе се префрли од јуни идната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik